„Чалханоглу е најголем добитник од трагедијата на Ериксен“

Не се само навивачите, ниту фудбалерите на Милан не можат да му го простат на Хакан Чалханоглу големото предавство кога турскиот репрезентативец реши да ги напушти „росонерите“ и да го облече дресот на лутиот ривал Интер.

Чалханоглу дополнително го  навлече гневот со провокациите кон навивачите на Милан на последното градско дерби, па Турчинот се најде на „тапет“ кај Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот е познат како човек што нема влакна на јазикот, па прашан за поранешниот соиграч, тој го поврза Чалханоглу со трагедијата што му се случи на Кристијан Ериксен, кој едвај остана жив по срцевиот удар на дуелот Данска – Финска на ЕВРО 2020.

Лошо е да се каже, но Хакан Чалханоглу е најголемиот добитник од трагедијата што му се случи на Ериксен. Одговорно тврдам дека Интер во тој момент немаше испратено понуда до него, ниту пак сериозно се интересираше. Сепак, се се промени по срцевиот удар на Ериксен, на „нероаѕурите“ им беше неопходен играч на таа позиција, а Хакан беше достапен како слободен играч. Да не се случеше онаа трагична случка на Ериксен, тој речиси сигурно ќе останеше во Милан бидејќи немаше ниту една посериозна понуда, без оглед на сето она што се пишуваше во весниците до тој момент“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...