Чалханоглу и Лаутаро ја „потопија“ Венеција (ВИДЕО)

„Опасно живееше“ Интер на гостувањето во Венеција. Победата од 0-2 ја запечати дури во финишот од средбата со еден сомнително досуден пенал, откако топката прво го удри во ногата, па во раката противничкиот играч.

Чалханоглу успеа да го отвори резултатот во 34. минута со гол од далечина да го совлада Ромеро. Актуелниот италијански првак си играше со оган со тоа водство, со оглед дека никако не му успеваше да дојде и до втор гол и да го зголеми резултатот. Венеција на неколку пати имаше опасни префрлувања на половината на Интер, но не ги материјализираше.

Во судиското надополнување, во 95. минута Лаутаро од пенал беше прецизен, откако беше досуден пенал. Судијата најпрво најави дека ќе гледа ВАР, но пред да ја погледне снимката доби инструкции од ВАР собата да досуди пенал, кој Интер го искористи и така дојде до конечен триумф.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...