Чаневски: Цел е со позитивен резултат да отпатуваме на реваншот во Магдебург

Пелистер во вторник ќе го пречека германскиот Магдебург во првиот натпревар од осминафиналната пресметка во Лигата на Европа. Голманот на „зелено-белите“, Градимир Чаневски вели дека главна цел на тимот е со позитивен резултат да се замине на реваншот во Германија.

„Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Ќе биде добро да заминеме во Германија со позитива. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива. Мислам дека поголем предизвик е за нив да ја освојат Битола. Ние играме добра сезона, добро играме на домашен терен и верувам дека тоа ќе го потврдиме во вторник. Магдебург е одлична екипа, играат добра одбрана, многу трчаат и влечат полуконтра. Наше е да се враќаме брзо и да трчаме. Мислам дека не треба да дозволиме да нè наттрчаат“, вели Чаневски.

Натпреварот во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за во вторник со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...