Чантурија: Ако го слушаме тренерот, ќе победиме во Велење

ЕКИПА во Словенија,

Стеван Цаневски

Реваз Чантурија е еден од најискусните ракометари во Металург, играч со искуство кој сигурно ќе му биде значаен адут на тренерот Кастратовиќ на утрешниот меч со Горење. Грузискиот интернационалец смета дека клучна ќе биде дисциплината во играта, бидејќи доколку се лимитираат загубените топки ќе биде направен значаен чекор напред кон победата.

„Добро го анализиравме противникот, станува збор за екипа што игра брз ракомет и никако не смее да и дозволиме да го наметне својот ритам. Тоа не значи дека ние ќе играме бавно, туку мораме да ги намалиме грешките бидејќи Горење лесно дава голови од контранапад. Верувам во нас, имаме и квалитет и искуство. Клучно ќе биде да ги следиме советите на тренерот, ако оствариме 80% од она што тој го бара од нас ќе стигнеме до победата“ – истакна Чантурија во пресрет на вечерашниот тренинг.

Натпреварот меѓу Горење и Металург се игра утре со почеток во 20 часот.

Се вчитува...