Чао Ериксен: На повидок е големо предавство на Данецот

Данскиот креативец, Кристијан Ериксен не се снајде најдобро во Интер, поточно, Конте практикува поинаква тактика во која баш и не се вклопува поранешниот играч на Тотенхем. Поминаа единаесет месеци од неговото пристигнување од Лондон, а сега е блиску да се врати повторно назад.

Ериксен сака да го напушти клубот, барем на шест месеци. Европското првенство е пред нас, па јасно е дека Данецот сака да се наметне и да ја подобри својата форма за предизвиците со репрезентацијата.

Според британските медиуми, во преден план во оваа трка е Арсенал, трансфер со кој Ериксен дефинитивно би ги разбеснил фановите на Тотенхем бидејќи „топчиите“ се убедливо најомразениот ривал на „спарси“.

Овој лондонски клуб е најблиску до креативецот, бидејќи во спротивна насока би го понудиле Гранит Џакa – играч што веќе неколку пати беше поврзуван со заминување од лтимот на Артета. Џака е „фајтер“ на теренот какви што Конте сака во својот тим, на спротивната страна на Арсенал му недостига креативец, па ваква размена би била од полза и за двата тима.

Останува да се види дали Ериксен ќе се реши за вакво „предавство“ или ќе ги разгледува останатите опции за продолжување на кариерата, подалеку од Премиер-лигата.

Се вчитува...