Чао Европо, Инсиње следната сезона се сели во МЛС лигата?

Играчот од средниот ред на Наполи, Лоренцо Инсиње, следната сезона може да се пресели во МЛС лигата. Ваквата вест пристугнува откако агентот на Инсиње добил примамлива понуда од канадскиот тим Торонто.

Како што објавија некои италијански медиуми, договорот на играчот со наполитанскиот клуб е со важност до крајот на оваа сезона, па затоа Торонто би сакал да го доведе како слободен играч. Канаѓаните му понудиле на Инсиње 3-годишен договор со плата од 8 милиони евра годишно, што реално, е одлична понуда и за која италијанскиот репрезентативец треба сериозно да размисли.

Агентот на Лоренцо Инсиње, Винчелнцо Писакане изјави дека Наполи му дал неприфатлива понуда на фудбалерот за продолжување на договорот, но истакна дека и натаму има надеж за негово останување во Неапол.

Се вчитува...