Чао Торино, Мората ја продолжува кариерата во Лондон!

Арсенал итно бара напаѓач, особено ако се знае дека за шест месеци остана без Пјер-Емерик Обамејанг, а сега и без Александре Лаказет, кои половина деценија беа смртоносен тандем на „Емирати“.

Според шпанските медиуми, Алваро Мората на лето ќе го напшушти Торино и е прва цел на „топџиите“.

Мората порано играше за Челси, а сега би можел повторно во Лондон, но на „Емирати“. Шпанскиот напаѓач ја завршува позајмицата во Јувентус од Атлетико Мадрид, а бидејќи кај Чоло Симеоне не е во преден план, постојат огромни шанси 29-годишниот фудбалер почне нова авантура ова лето.

Јувентус има опција да го купи за 35 милиони евра и ќе важи до 30 јуни, но веќе одлучи да не го откупува неговиот договор. Тој треба да се врати во Атлетико Мадрид, а потоа и веднаш би можел на нова позајмица или преку комплетен трансфер во Арсенал.

Се вчитува...