Тренерот на Барселона, Чави на денешната прес-конференција пред утрешниот меч со Наполи, зборуваше за првите 100 дена од неговиот тренерски ангажман во Барселона.
„Ми се чини дека 100 години сум тренер тука, затоа што имаше неочекувани ситуации како коронавирусот, зимски преоден рок… Веќе знаете дека јас сум смирен и се обидувам да ја вратам Барселона онаму каде што заслужува да биде, но има уште многу работа“, рече Чави.
Тој кажа дека е свесен за проблемите во Барселона, но се надева дека ќе се решат и тимот ќе освојува титули.
„Ова не е најдобро време за клубот, тука мислам и на финансиски план. Верувам дека сево ова ќе ни помогне да созрееме како поединци. Се искачуваме на табелата, а тоа е знак дека добро работиме, и резултатите зборуваат за тоа“, вели тренерот на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА