Чави: Чувствувам неправда

Реал Мадрид славеше со 3-2 во последното вечно шпанско дерби против Барселона во натпревар по кој повторно се говори за контроверзии. Станува збор за спорна ситуација од 28. минута кога голманот на домашниот тим, Андреј Лунин мораше да ја вади топката од гол линијата, а ВАР не успеа да утврди дали топката ја премина линијата или не.

Голманот на Барслеона, Марк Андре тер Штеген по натпреварот ја криткуваше Ла Лига која не ја користи гол-линија технологија бидејќи претседателот Хавиер Тебас смета дека е прескапа, а критики упати и тренерот Чави.

„Ако сакаме да бидеме најдоброто првенство на светот мораме да ја користиме најдобрата технологија. Јас чувствувам направда“, изјави Чави.

Се вчитува...