Чави донираше милион евра во клиника во Барселона за борба против коронавирусот

Поранешната ѕвезда на Барселона, Чави Ернандез, кој моментно е тренер на катарскиот Ал Сад, донираше еден милион евра во клиника во Барселона, за поддршка во борбата против коронавирусот. Тој се придружи на неколкумина поранешни и сегашни фудбалери на Барселона кои уплатија ист износ за да помогнат во опремувањето на клиниките и здравствените работници кои се борат против пандемијата.

„Опремата е нужна, а ние сите мораме да помогнеме. Ги повикувам и другите спортисти и имотни луѓе во овие судбоносни моменти да помогнат финансиски колку што можат“, изјави Чави.

Пред него по еден милион евра донираа Лионел Меси, Пеп Гвардиола и браќата Алкантара.

 

Се вчитува...