Чави: Го одигравме најдобриот натпревар во сезоната

Барселона се искачи на второто место на табелата во шпанското првенство откако во 29. коло славеше на гостински терен кај Атлетико Мадрид со убедливи 3-0, нанесувајќи го најболниот пораз на „јорганџиите“ на „Ванда Метраполитано“ од отварањето на овој стадион во сезоната 2017/18.

Тренерот на каталонците, Чави не го криеше задоволството од прикажаното на неговите фудбалери. Настапот го оцени како најдобар во сезоната, а неизбежно беше да проговори и на темата дали ја променил одлуката за заминување на крајот на сезоната.

„Во овој момент тоа не е толку важно. Не би зборувал на таа тема. Натпреварот беше сличен како против Наполи пред неколку дена. Според мене беше можеби и најдобриот натпревар на Барселона во сезоната. Сепак, ние сме Барселона и не смее да дозволиме да се опуштиме по ваков натпревар“, истакна Чави.

Се вчитува...