Чави и Деко го бркаат Роке од Барселона

Сагата за незадоволството на релација Витор Роке и Барселона која беше топ тема во медиумите изминатите денови денеска доби епилог кој нема да му се допадне на 19-годишниот Бразилец.

Спортскиот директор на Барселона, Деко во согласност со тренерот Чави одлучил дека младиот Бразилец од следната сезона повеќе нема да настапува за овој клуб. Клубот нема доверба во него и тој ќе биде продаден или испратен на позајмица.

Претходната недела агентот на Витор Роке обелодени дека напаѓачот не е задоволен од минутажата и дека не гледа причина за истиот да ја нема довербата.

Роке оваа сезона одигра само 11 натпревари за Барселона и постигна два гола, но во последните три натпревари не доби ни минута.

Се вчитува...