Тренерот на Барселона, Чави Ернандез истакна дека неговиот тим е подготвен за пресметката против Наполи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а новинарите на прес-конференцијата му поставија неколку прашања наменети за Килијан Мбапе, кој постигна гол за победа на ПСЖ против Реал Мадрид (1-0).
Чави беше видно нерасположен, па воопшто и не сакаше да разговара пред дербито во Лига Европа за фудбалерот на францускиот тим, иако кажа дека Французинот е одличен напаѓач.
„Не треба јас да зборувам за Мбапе, тоа можам да го направам само за моите фудбалери. Мбапе е одличен фудбалер, како што се Нејмар и Лионел Меси. ПСЖ има врвен тим. Доста е … не сакам повеќе ништо да ме прашувате за него“, изјави легендата на Барса.
Барселона вечерва за протвник ќе го има тимот на Наполи, а првиот дуел се игра на „Камп Ноу“ со почеток од од 18.45 часот, додека реваншот е следната недела во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА