Чави испрати порака до следниот тренер на Барселона

Шпанскиот тренер Чави доживеа неверојатна сезона во која претседателот на Барселона, Лапорта го убеди да го продолжи договорот, да најави повлекување од клупата на крајот на сезоната, да ги опрости долгувањата на тимот кон него и потоа да се предомисли за останување во Барселона, но по само две недели и да добие отказ.

Легендата на овој клуб заминува од „жешкото столче“ со победа над Севилја, но и со порака испратена до следниот тренер на славниот шпански клуб.

„Сакам да му кажам на следниот тренер дека многу ќе пати и поради тоа мора да биде стрплив. Ова е многу незгодна ситуација. Единствената работа која ќе му го зачува местото се победите“, порача Чави.

Чави ја превзема Барселона во ноември 2021 година и успеа да ги освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.

Се вчитува...