Чави ја затвори вратата за Де Јонг: Френки е клучен играч за Барса

Чави се премисли и реши да остане на чело на Барселона и во наредната сезона, а младиот стратег притоа имаше и неколку услови до претседателот Жоан Лапорта.

За оние желби за нови засилувања од фудбалскиот пазар тој не можеше да добие никакви ветувања и гаранции, но затоа на Чави му било ветено дека оние играчи кои тој ги смета за клучни нема да бидат продадени во текот на летово. А на врвот на таа листа на стратегот на каталонскиот гигант се наоѓа Френки де Јонг, кој повторно е поврзуван со преселба во Манчестер Јунајтед или во Баерн Минхен.

Холанѓанецо тима договор со Барселона до јули 2026 година, а за Чави нема дилема дека тој ќе остане во клубот и во сезоната што следи.

„Френки де Јонг останува, тука нма никаква дилема. Тој е клучен играч за Барселона, многу важен за мене како тренер и ништо не е променето во однос на лани. Ние го сакаме Де Јонг, тој сака да остане. За жал, сезонава имаше проблеми поради трите повреди на скочниот зглоб што го мачат во последните месеци, но тоа не го менува фактот дека тој е играч од највисока класа“, изјави Чави.

Се вчитува...