Чави конечно откри зошто морал да ја одбие Барселона

Иако беше најсериозен кандидат за нов тренер на Барселона, Чави Хернандез го одби каталонскиот тим. Се чини дека се беше подготвен да го преземе кормилото на Барса, но во последен момент се одлучи да каже – не.

Чави, конечно објасни зошто морал да го одбие европскиот фудбалски гигант…

„Нема да кријам, имав преговори со Барселона. Не прифатив затоа што лично сметам дека е се уште прерано за мое враќање таму, но секако во иднина сакам да бидам тренер на Барселона“ – истакна Чави и дополни:

„За понудата прво му кажав на семејството, а потоа и на играчите од Ал Сад. Тие денови навистина не бев баш фокусиран, но сега мислам само на мојот актуелен клуб“.

Чави вели дека му се допаѓа изборот на Кике Сетиен за нов тренер на Каталонците. Сетиен со Барселона потпиша договор до 2022 година, па нема да биде никакво чудо потоа на клупата да го наследи токму Чави.

Се вчитува...