Чави најде засилување за Барселона во Бундес-лигата

Барселона добро пазареше во зимскиот преоден рок. Ги донесоа Адама Траоре, Пјер Емерик Обамејанг и Феран Торес, но Барселона веќе размислува за идната сезона.

Така според шпанските медиуми, тренерот Чави засилувањето на левата бековска позиција го нашол во Бундес-лигата. Наводно Барселона на лето ќе тргне со Анхелињо, левиот бек на Лајпциг кој игра одлично во изминатите сезони.

Предност претставува тоа што Анхелињо е Шпанец, и добро зборува шпански јазик. Како дете замина во Манчестер Сити, но откако не ја доби шансата, потоа минува на позајмици во неколку клуба, меѓу кои и Лајпциг, кој се решава потоа целосно да го откупи.

Според информациите, бундеслигашот за неговите услуги ќе бара 30 милиони евра.

Се вчитува...