Чави викендот најави заминување од Барселона на крајот од сезонава, предизвикувајќи „земјотрес“ во шпанската спортска јавност. Екс-капитенот ќе остане на клупата и во наредниот период, но јасно му е дека ќе мора што поскоро да најде излез од кризата, почнувајќи од утрешниот дуел со Осасуна.
Чави на денешната прес-конференција пред тој натпревар се осврна и на најавеното заминување, одлука за која смета дека е вистинска и за него и за самиот клуб.
„Тоа не беше нешто што го решив во одреден момент. Јасно ми беше дека не е лесно да е биде тренер на Барселона, тоа ми го кажаа и Пеп Гвардиола и Луис Енрике, кого јас лично го гледав како е навредуван иако вршеше фантастична работа. Размислував на темата уште од стартот на сезоната, набрзо решив дека ќе останам до крајот на овој шампионат, се друго беше само договор кога да биде објавено. Разочаран сум бидејќи оваа работа не е доволно ценета, особено во клуб како Барса, но горд сум и се чувствувам сакан и почитуван од толку многу луѓе. Сакам сега да продолжиме онака како што треба, пред нас е клучниот дел од сезоната и мораме што побрзо да влеземе во победнички ритам“, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА