После неубедливото реми над Рајо Ваљекано, во кое еден од најзаслужните е и голманот Столе Димитриевски, тренерот на Барселона Чави се пожали на судењето.
Тренерот на Барса смета дека првиот гол бил нерегуларен и требало да биде поништен поради офсајд, нешто кое му го признал и линискиот судија. Исто така кажа дека не бил досуден пенал во финишот.
„Разговарав со линискиот судија. Тој ми кажа како смета дека Оскар Валентин влиајел на играта. Но, на крајот голот беше признат. Тешките моменти не се толкуваат во наша корист сезонава. Требаше да биде досуден и пенал над Рафиња. Ми рекоа дека таму има прекршок, но повторно не беше досудено ништо во наша корист. Во секој случај, нема оправдување. Не победивме затоа што не бевме добри во првото полувреме. Треба да се фокусираме само кон она што го направивме во вториот дел и да бидеме самокритични“, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА