Чави нема така лесно да му прости на Лапорта – Одмазда за „третманот“ кој го имаше во клубот!

Чави Ернандес заминува од клупата на Барселона по натпреварот со Севилја кој ќе биде негов последен во клубот на неговиот живот.

Многу перипетии го следеа неговото шефување во Барселона, но на крај Лапорта се одлучи да не ја продолжува соработката со него и неговото место најверојатно да го заземе Германецот Ханси Флик.

Иако претходно Чави и неговите членови на стручниот штаб најавија дека ќе се откажат од отштетата која треба да ја добијат од клубот, како начин да и помогнат на Барселона, сепак такво нешто нема да има затоа што Чави не сака така лесно да му прости на Лапорта и челниците на клубот за начинот на кој се однесуваа кон него.

Чави и неговиот стручен штаб заработуваа по 15 милиони евра по сезона, а поради предвремениот раскин на договорот сега таа сума ќе треба да има биде исплатена. Седум милиони евра се платите за членовите на стручниот штаб, а остатокот му припаѓа на Чави. Раководството на Барселона и натаму се надева дека сите ќе се откажат од обесштетувањето, со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот, но според последните информации од Каталонија, тоа нема да се случи затоа што сметаат дека се изиграни од клубот.

Се вчитува...