Чави: Никогаш не е лесно да го напуштите клубот на вашиот живот

Она за кое се шпекулираше во изминатите неколку дена, доби официјална потврда. Чави нема да ја води Барселона следната сезона, објави клубот од Каталонија.

На денешниот состанок, претседателот Жоан Лапорта го известил првиот трренер дека нема да продолжи да ја води екипата во сезоната 2024/25.

На состанокот присуствувале и потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Деко. Претходно беше објавено дека Чави останува тренер и во следната сезона, но потоа една контроверзна изјава на тренерот доведе до тоа да „виси“ неговата работа. По целата одлука се јави и Чави кој на социјалните мрежи се прости со како што вели љубовта на неговиот живот.

„Почитувани фанови, моето време на клупата на Барселона ќе заврши во недела. Никогаш не е лесно да го напуштите клубот кој е вашиот живот. Но, тоа ќе го направам многу гордо по две и пол години. Сакам да им се заблагодарам на сите, особено на навивачите кои секогаш беа на моја страна и кои секогаш ми ја покажуваа истата љубов како кога бев фудбалер.

Од недела ќе бидам еден од навивачите на трибините, сега на овој стадион, а за неколку месеци и на новиот „Ноу Камп“. Затоа што јас сум прво и основно навивач на Барселона, а дури потоа играч или тренер. Јас сум навивач на Барселона кој го сака само најдоброто за клубот, кој секогаш ќе ме има на располагање“, напиша Чави на социјалните мрежи.

Се вчитува...