Чави: Одиме да победиме во Минхен

Вчера новиот тренер на Барселона, Чави Хернандес го доживеа првиот пораз како предводник на „Каталонците“. На „Ноу Камп“ триумф оствари тимот на Бетис кој на крајот славеше минимално со 0:1.

Сега Барса ја очекува шестиот натпревар од групата, и тоа најтешкиот противник Баерн Минхен, и тоа на гости. Ситуацијата е таква што Баерн избори пласман во следната фаза, а Барселона е втора со седум бодови, Бенфика трета со пет. На Барса може ќе и одговара нерешено, но под услов Бенфика да не го победи Динамо Киев.

И покрај лошата форма на Барселона, Чави најавува дека во Минхен ќе одат на триумф.

„Гледам екипа која е способна да отиде во Минхен и да победи. Немаме друг избор. Не чека едно од најтешките гостувања, но ќе ја подготвиме екипата за борба и за победа“, рече Чави.

Дуелот се игра во среда во 21 часот.

Се вчитува...