Чави остана без фудбалери – нови четири позитивни на коронавирус во Барселона

Главоболките на Чави околу изборот на фудбалери на Барса за првиот меч од 2022 година против Мајорка уште повеќе се зголемија, откако коронавирусот зеде замав во таборот на каталонскиот гигант.

Во текот на вчерашниот ден беа утврдени позитивни тестови на Дани Алвеш, Жорди Алба и на Ленгле, за денеска да пристигнатѕ нови лоши вести за стручниот штаб на каталонците. Усман Дембеле исто така е позитивен на коронавирус и ќе мора да отсуствува од тренинзите најмалку една седмица, а покрај францускиот офанзивец позитивни на последните тестирања биле и Гави и Умтити. Младиот Балде, кој беше дополнително повикан поради кризата во играчкиот кадар, исто така е позитивен и нема да може да му биде на располагање.

Чави не може да смета ниту на повредените Фати, Депај, Роберто и Бреитвајт, а поради суспензија против Мајорка нема да настапи ниту Бускетс.

Се вчитува...