Тренерот на Барселона, Чави Хернандез беше задоволен по ремито на својот тим со Севилја во Андалузија во одложениот меч од четвртото коло во Ла лига.
Каталонците одиграа 1-1, а можеа до сите три бода бидејќи во последните половина час имаа играч повеќе откако беше исклучен Жил Кунде.
„Тешко ми е кога нема да победиме. Сликата на теренот беше многу добра. Сметам дека ова е Барселона која секој сака да ја види“, изјави Чави.
Барселона во моментов е на седмата позиција на табелата со 28 бода, додека Севилја е втора со десет бода повеќе од Каталонците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА