Чави: Ова се три златни бода, ова е победа за враќање на Барса таму каде што припаѓа!

Тимот на Барселона и покрај многуте проблеми, отсуства на голем број играчи поради коронавирусот и повреди успеа да слави на гостувањето кај Мајорка во последниот меч во Примера.

Клубот од „Камп Ноу“ триумфираше со 1-0 со голот на Лук Де Јонг со тоа што мора да се каже дека круцијална одбрана во самата завршница имаше голманот Марк Андре Тер Штеген.

„Освоивме три златни бода. Како што бевме и околностите што ги имавме … ова е победа за семејството, за враѓање на Барса таму каде што припаѓа. Имавме многу добар прв дел. Со многу карактер, одиме нагоре. Требаше мечот да се одложи, но јас сум многу горд на тимот и за Марк, тоа беше потребно. Тој е одличен голман и на крајот не спаси. Младите многу ни помагаат. Менталитетот е добар и тие се подготвени. Ова се три бода кои не водат во борба за првите позиции“, потенцираше шпанскиот стручњак.

 

 

Се вчитува...