Чави: Се премислив бидејќи луѓето веруваат во мене!

Чави Хернандез и следната сезона ќе ја води Барселона. Иако на крајот на јануари најави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната, но ја преиспита својата намера поради довербата во него од сите во клубот.

Тој вели дека е способен да го води тимот, а одлуката била донесена за три минути.

„Ја променив мојата одлука затоа што навистина почувствував целосна доверба од претседателот, од бордот и од играчите. Овој проект сѐ уште не е завршен. Јас, мојот тим, сите заедно чувствуваме дека имаме сила да направиме важни работи заедно и да продолжиме со овој проект. Јас сум голем фан на Барса. Јас сум член на клубот. Поддршката на играчите беше многу важна. Ме натераа да знам дека морам да продолжам. Мислам дека овој проект не е завршен, иако можеби нема да освоиме титули. Навивачите исто така ме натераа да мислам дека треба да продолжам. И пред сѐ мислам дека сум способен за тоа. Вчера седнавме и се договоривме за три минути“, изјави Чави.

Се вчитува...