Чави „урлал“ во соблекувалната после мечот со Баерн и веднаш отпишал тројца

Барселона доживеа пораз од Баерн Минхен и елиминација од Лигата на шампионите. Во Минхен, „Баварците“ триумфираа со убедливи 3-0, а тоа беше и најубедливиот пораз на Барса во „ерата“ на Чави.

Новинарите од Шпанија пишуваат дека Чави бил многу бесен во соблекувалната по тој пораз. Во соблекувалната, според пишувањата, 30 секунди не кажал ниту збор, а потоа почнал со критики кон фудбалерите. Нападнал поедини играчи на тимот и им рекол: „Вие не го заслужувате дресот на Барселона, вие не знаете што тоа значи“.

Познатиот шпански новинар Жерард Ромеро, најави дека Марк Андре Тер-Штеген, Френки Де Јонг и Сежињо Дест би можеле да го напуштат клубот на зима. Се претпоставува дека Чави имал многу забелешки кон нив, и практично ги отпишал од тимот.

За Тер Штеген се шпекулира во последно време дека ќе го напушти тимот поради тоа што барса сака на него да заработи и да ја смири финансиската ситуација. Згора на тоа после операцијата, Тер Штеген не е веќе истиот голман. Изненадување можеби е само Френки Де Јонг со оглед дека дојде на голема врата од Ајакс, но за волја на вистината малку пружа, барем засега.

Така што во следните месеци може да се очекува една голема чистка во Барса и многу нови играчи, пишуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...