Чави веднаш доби понуда за работа во Премиер-лигата

Чави вечерва за последен пат ќе седи на клупата на Барселона, но трофејниот стручњак би можел експресно да најде нов тренерски ангажман откако познат англиски премиерлигаш покажа сериозен интерес за неговите услуги. Челси е клубот што сака да го ангажира Чави како предводник од ова лето, откако „сините“ решија да се разделат од Маурицио Покетино, а во Чави гледаат идеален кандидат за предводник на проектот на „Стемфорд бриџ“.

Челси по разделбата од Покетино преговараше со Мекена од Ипсвич и со Мареска од Лестер, беше одбиен од Ханси Флик, по откако Чави стана достапен на пазарот „сините“ ја стопираа потрагата по нов тренер. Во следните 48 часа ќе биде одржан директен состанок меѓу каталонскиот тренер и највисокото раководство на лондонскиот премиерлигаш.

Доколку биде најден заеднички јазик, Челси веќе во текот на следната седмица и официјално ќе го именува Чави за нов менаџер. Доколку тоа не се случи, фокусот ќе биде ставен на претходните кандидати, во трката во која Мареска има повеќе шанси од Мекена.

Се вчитува...