Чави: Вилјареал не заслужи да изгуби, овие три бода се преважни

Барселона стигна до првата гостинска победа во Ла Лига оваа сезона откако славеше со 1-3 над Вилјареал. Каталонците до предност стигнаа до 48. минута преку Де Јонг, а откако гостите изедначија во 76. минута преку Чукуезе, Депај за затресе мрежата во 88. минута за ново водствто, а победата ја потврди Кутињо од пенал во четвртата минута од судиското продолжение.

По натпреварот предводникот на Барселона, Чави имаше замерки за играта на својот тим, но и покрај тоа беше среќен за важните три бода.

„Не доминиравме онака како што очекував, но на крајот се извлековме. Игравме против многу добар тим на многу тежок терен. Овие три бода ни се преважни, но морам да бидам искрен и да кажам дека имавме среќа. Вилјареал не заслужи за изгуби, но моите играчи дадоа се од себе на теренот. Но, мораме да бидеме подобри, повеќе да ја држиме топката во наш посед и подобро да се носиме со притисокот на противникот. Вилјареал постојано не притискаше. Тоа е одличен тим и навистина беше тешко да дојдеме до победа“, изјави Чави.

Се вчитува...