Чави во издание кое ретко се гледа: Шутираше топки и удираше со боксови по новиот дебакл (ВИДЕО)

Тренерот на Барселона, Чави не го поднесе добро новото реми на неговиот тим кој во 24. коло од шпанското првенство загуби значајни два бодови откако одигра 3-3 против Гранада која се наоѓа во зоната за опстанок.

Шпанскиот стратег и покрај тоа што најави заминување на крајот на сезоната сака да се збогува со омилениот клуб на најдобар можен начин па видно исфрустриран покажаа емоции кои досега ретко кога можеа да се видат дури и во играчите денови. Од камерите на шпанската телевизија „Мовистар“ беше „уловен“ како прво шутира топка, а потоа удираше и со боксови на седиштата на клупата на својот тим.

Се вчитува...