Чеде Јаневски, нов тренер на египетскиот тим Исмаили

Македонскиот фудбалски стратег Чедомир Јаневски е именуван за нов тренер на египетскиот клуб Исмаили. Поранешниот селектор на националниот тим, по заминувањето од Вардар, со кој имаше настапи во групниот сегмент од Лигата на Европа, се нафати на нов предизвик, и тоа во Египет.

„Чедомир Јаневски е новиот тренер на Исмаили. Му посакуваме добредојде и се надеваме дека заедно ќе бележиме позитивни резултати во наредниот период“, информира Исмаили на клупскиот сајт.

Исмаили по 13 кола во египетскиот шампионат се наоѓа на последната позиција на табелата со 13 освоени бода, три помалку од Вади Дегла, кој се наоѓа во сигурната зона.

Се вчитува...