Чеферин контра ФА – Сите знаеме дека е подобро да не постои Лига купот

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин ја повика Англиската фудбалска федерација да од календарот го исфрли Лига купот. Претседателот на УЕФА рече дека за сите би било подобро доколку ова натпреварување не постои.

„Лига купот веќе е укинат во Франција. Остана само Англија. Мислам дека сите знаат дека е подобро натпреварувањето веќе да не се игра. Знам дека вие Англичаните сте традиционалисти и ги сакате работите кои траат со години“, изјави Чеферин. 

Се очекува да се види каква одлука ќе донесат од англиската фудбалска федерација по барањето на претседателот на УЕФА.

Се вчитува...