Чеферин: Работниците што земаат 1.000 евра треба да се жалат, а не Клоп или Гвардиола

Во интервју за италијанскиот „Газета дело спорт“, претседателот на УЕФА Александар Чеферин одговори на жалбите на тренерите на Ливерпул и на Манчестер Сити, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола околу преголемиот број на натпревари во текот на сезоната.

Чеферин одговори дека работниците во фабриките кои работат за 1000 евра треба да се жалат, а не тренерите на овие два клуба.

„Клубовите бараа 10 натпревари во ЛШ, а ќе бидат осум, вистински број. Лига со 18 тима би била покорисна, но сопствениците на клубовите не се сложуваат. Треба да сфатат дека два национални Купа се премногу. Клоп и Гвардиола се бунат? Лесно е да се напаѓаат ФИФА и УЕФА, но ситуацијата е јасна. Ако играш помалку, платите се помали. Ако некој треба да се жали, тоа се работниците во фабриките кои заработуваат 1.000 евра месечно“, рече Чеферин. 

Тој уште еднаш повтори дека со некогашниот пријател Андреа Ањели нема веќе никаков однос и дека односот со Флорентино Перез е само чисто професионален.

Се вчитува...