Чекајќи го Кристијано – нема селфи без Роналдо (видео)

Огромна беше радоста во соблекувалната на Јувентус по пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампионите, а соиграчите дваесетина минути го чекаа да се појави Кристијано Роналдо.

Доцнењето беше оправдано, херојот на реваншот во Торино беше најбаран за изјави веднаш по натпреварот, а кога Кристијано се појави на вратата, големото славје можеше да почне. Овековечено со „селфи“ за првиот хет-трик на Роналдо во ЛШ во дресот на „старата дама“.

Се вчитува...