„Чеканите“ го закопаа Лестер

Лестер по трите победи на стартот на сезоната попладнево го претрпе и првиот пораз, неочекувано губејќи со убедливи 0-3 на домашен терен од Вест Хем. Преполни со самодоверба по убедливиот триумф над Манчестер Сити минатиот викенд, „лисиците“ денеска целосно потфрлија, не упатувајќи ниту еден удар во рамките на противничкиот гол.

„Чеканите“ на спротивната страна знаеја како да ги искористат своите шанси, најпрвин Антонио погоди со глава за 0-1, по што прецизно биеше и Форналс, по една заспаност на домашната одбрана. Вест Хем промаши неколку одлични шанси за трет гол, Рајс ја погоди гредата, за гостите до крајот сепак да успеат да стават печат на триумфот благодарение на голот на Боувен.

Саутемптон ја оправда улогата на фаворит против ВБА, триумфирајќи со 2-0 над новиот  премиерлигаш со головите на Џенепо и на Ромеу.

Се вчитува...