Челси добро почна, но Сити покажа зошто е шампион

Манчестер Сити ја прекина серијата од шест премиерлигашки победи на Челси, триумфирајќи со 3-1 во дербито против тимот на Френк Лампард.

„Сините“ имаат за што да жалат бидејќи беа подобар ривал во првиот дел од првото полувреме, заслужено поведувајќи преку Канте. Сепак, овој погодок како да ги разбуди домаќините, кои заиграа подобро и со головите на Де Бруне и на Марез направија целосен пресврт. Сити успеа да ја задржи предноста до самиот финиш и се врати на „минус девет“ од лидерот Ливерпул, додека Челси падна на четвртата позиција со 11 бода заостанување зад водечката екипа на табелата.

Проблем за Пеп Гвардиола сигурно ќе претставува повредата на Кун Агуеро, кој жалејќи се на болки во мускулот мораше да биде заменет во второто полувреме од овој дерби-дуел.

Се вчитува...