Челси донесе нов голман

Англискиот премиерлигаш Челси го потврди трансферот на голманот Роберт Санчез. Роберт Санчез пристигна во Челси за сума од 20 милиони фунти плус 5 милиони фунти во бонуси од редовите на Брајтон и Хов Албион.

Шпанскиот голман со клубот од „Стемфорд бриџ“ потпиша договор со траење до 2030 година.

Се вчитува...