Челси е брод што тоне: Легендите почнаа да си заминуваат од „Стемфорд бриџ“

Челси се соочува со огромни проблеми, ниту летниот ремонт на играчкиот кадар не ги даде посакуванит резултати, а огромната криза предизвикува нов егзодус од заминувања од „Стемфорд бриџ“. Вчера беше објавено дека клубот крие дека од стручниот штаб си заминал Бруно Салтор, а денеска стигнува нова информација – лондонскиот клуб го напуштил и Клод Макелеле.

Поранешната играчка легенда на Челси од август 2019 година работеше во клубот како технички ментор за младите фудбалери. Французинот е играч кој со своето искуство дефинитивно имаше што да сподели со младите играчи, впрочем Челси во првиот тим во изминатите години вклучи голем број фудбалери од младинската школа, но сега кога кризата го тресе клубот, Макелеле реши да си замине од „Стемфорд бриџ“.

Нема конкретни информации околу тоа дали тој си поднел оставка или добил отказ од сопственикот Боели, но во секој случај заминувањето на клупската легенда ќе донесе уште поголемо незадоволство меѓу навивачите.

Челси моментно се наоѓа на 14. место на табелата во Премиер-лигта со само една победа во првите шест кола, иако „сините“ имаа извонреден распоред на стартот од сезонава.

Се вчитува...