„Челси е најблиску до титулата, импресивно играат“

Челси по пет натпревари во Премиерлигата го дели првото место на табелата со учинок од четири победи и едно реми па и покрај тоа што е рано во сезоната се чини дека „сините“ на Томас Тухел се на добар пат да стигнат до шестата титула во својата историја.

Најдобри шанси на лондонскиот тим за враќање на тронот му даде и легендарниот голгетер, Алан Ширер.

„Трката за титула во Премиерлигата само што започна, но Челси уште сега изгледа како тим кој ќе биде тешко да го запрете. Екипата на Тухел изгледа импресивно. И кога не играат добро или кога нешто ќе тргне на „зло“, како исклучувањето на Џејмс на „Енфилд“ во состојба се да бидат рамноправен противник. Со сјајната победа над Тотенхем уште еднаш потврдија дека имаат силен состав и врвен тренер“, изјави поранешниот репрезентативец на Англија.

Се вчитува...