Челси го чува најдобриот стрелец – нов договор до 2032 година

Челси нема намера да се раздели од Жоао Педро по интересот на Барселона за бразилскиот голгетер, па лондонскиот клуб го „врза“ големиот ас потпишувајќи нов долгогодишен договор.

Педро пристигна минатото лето од редовите на Брајтон и беше една од ретките светли точки во тимот на Челси претходната турбулентна сезона.

Бразилецот играше извонредно и во подготвителниот период, наметнувајќи се како клучен играч кај новиот тренер Чаби Алонсо. Преговорите за нов договор завршија експресно, тој доби значително зголемување на платата, по што го стави потписот на новиот договор со кој ќе остане на „Стемфорд бриџ“ до јуни 2032 година.

Се вчитува...