Челси го добива Иско за 55 милиони евра

По завршувањето на забраната за трансфери, Челси низ актуелниот преоден рок се активираше за засилување на играчките редови. Па, првото засилување за „сините“ треба да стигне од Мадрид.

Челси подготви понуда од 55 милиони евра за Иско, за кого веќе се знае дека заминува од Реал Мадрид.

Лампард категорично бара доведување на Иско, па останува да се види дали раководството на Челси наредниот период ќе успее да се договори со Реал за трансфер.

Иско во досегашниот дел од сезоната одигра 16 натпревари со еден постигнат гол и тоа во мечот од Суперкупот против Валенсија.

Се вчитува...