Челси го „одврзува ќесето“ за Весли Фофана

Весли Фофана не беше ни првиот ни вториот избор, а ни третиот избор на Челси за засилување во одбраната ова лето, но лондонскиот тим остана без ангажман на Џукс Кунде, Преснел Кимпембе и Јошко Гвардиол па ќе мора да го „одврзе ќесето“ за стоперот на Лестер да стигне на „Стемфорд Бриџ“.

Лестер не е расположен за продажба на 21-годишникот па затоа беше одбиена и првата понуда од над 70 милиони фунти, но Челси не се откажува. „Сините“ наскоро ќе пратат нова, побогата понуда која ќе го стави раководството на „лисиците“ на слатка мака.

Фофана посакува трансфер во Челси, а доколку дојде до истиот тоа ќе биде нова успешна соработка помеѓу овие два клуба. Во претходните сезони тоа беше со случај Нголо Канте, Дани Дринкватер и Бен Чилвел.

Се вчитува...