Челси го растури Евертон

Челси во вистински момент влегува во топ-форма, откако по елиминацијата на Ливерпул од ФА Купот избраниците на Френк Лампард одиграа уште еден одличен меч, во Премиер-лигата декласирајќи го Евертон со 4-0.

Тимот на Карло Анчелоти знае да биде крајно незгоден за ривалите, но „сините“ овојпат наметнаа силно темпо за кое „карамелите“ не успеаја да најдат одговор. Пикфорд го запре првиот удар на Мејсон Маунт, но токму Маунт беше стрелец на првиот погодок во 14. минута, кога со прецизен удар крај првиот дирек го совлада гостинскиот голман. Нешто подоцна на 2-0 зголеми Педро, кој одлично втрча по додавањето на Баркли и го матираше Пикфорд.

Третиот гол на натпреварот во второто полувреме го постигна Вилијан, додека четвртиот беше дело на Оливие Жиру.

Се вчитува...