Челси го ’врзува’ Рудигер до 2025 година

Англискиот премиерлигаш Челси сака да го обнови договорот со дефанзивецот Антонио Рудигер. Клубот сака Германецот да остане на „Стемфорд бриџ“ до 2025 година. Раководството отпочна преговори со агентот на фудбалерот за продолжување на актуелниот договор кој има важност до 2022 година за дополнителни три сезони.

Рудигер веќе три години го носи дресот на Челси и досега одигра 73 натпревари, а постигна и пет гола. За селекцијата на Германија 27-годишниот фудбалер има запишано 30 настапи.

Се вчитува...