Челси го задржува „ѕидот“ пред Менди – нови договори за Рудигер и Кристенсен

По доаѓањето на Томас Тухел на „Стемфорд Бриџ“, Челси е еден од најдобрите дефанзивни тимот во Европа. „Сините“ на 32 одиграни натпревари во сите конкуренции, само 17 пати ја вадеа топката од својата мрежа, а 19 пати ја сочуваа истата недопрена.

Едни од најзаслужните за тоа беа стоперите кои во последните години често се менуваа, но под водство на германскиот стратег своето место го „зацементира“ Антонио Рудигер, а на прагот да го направи истото е и Андреас Кристенсен. Сега клубот за нив подготвува нови договори, пренесуваат англиските медиуми.

Договорот на германскиот репрезентативец истекува следното лето, слично како и договорот на Данецот, па лондонскиот клуб нема намера да разикува при големиот интерес на останатите клубови.

Се вчитува...