Челси, Бенфика и Енцо Фернандез се договорија. Аргентинецот станува дел од лондонските „сини“ откако фудбалерот ги мина лекарските прегледи и потпиша договор до 2031 година.
Според најавите, двете страни си подале рака за трансфер вреден 120 милиони евра, што е најголем во историјата на Челси, и најголем во овој преоден рок.
Челси со тоа добива квалитетно засилување во средниот ред, во обидот да дојде до некој пехар во продолжението од сезоната. За овој трансфер долго се зборуваше, а во последниот ден од преодниот рок имаше многу контрадикторни информации дека трансферот пропаднал, дека е во тек.
Челси синоќа испрати авион по Енцо и челници на Бенфика за да ја завршат работата, и успеаја во тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА