Барселона веќе неколку месеци е во потрага по врвен напаѓач, а Хулијан Алварез беше едно од најголемите имиња на листата на желби. Аргентинскиот репрезентативец совршено се вклопува во визијата на клубот, кој сака да ја реновира офанзивната линија на тимот, првенствено на позицијата централен напаѓач.
Сепак, денешните информации од Шпанија носат ладен туш за каталонскиот гигант. Според порталот „Фичајес“, Челси се подготвува да испрати огромна понуда вредна околу 132 милиони фунти, што е приближно 150 милиони евра.
Токму оваа бројка Барселона едноставно не може да ја следи. Клубот долго време се бори со финансиски ограничувања и правилата на Ла Лига, па влегувањето во ваков вид „финансиска војна“ е практично невозможно.
Челси, од друга страна, повторно покажува финансиска сила на пазарот. Клубот планира да го обнови нападот и верува дека Алварез би можел да биде централната фигура околу која ќе се гради идниот тим.
Лондонскиот клуб е подготвен не само да ја плати бараната отштета, туку и да ги задоволи високите лични барања на Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

