Весли Фофана во наредните денови и официјално ќе стане нов најскап дефанзивец во историјата на фудбалот, откако Лестер конечно ги договори условите за продажба на францускиот интернационалец во редовите на Челси.
Тухел од неколкуте одбранбени играчи кои ги имаше како опција инсистираше токму на Фофана, но проблем беше инсистирањето на Лестер овој играч да остане меѓу „лисиците“. Сепак, фудбалерот инсистираше на трансфер, воопшто не настапи за Лестер на последните натпревари и направи притисок врз управата за да добие зелено светло за заминување.
„Лисиците“ пред два дена одбија 75 милиони фунти од лондонскиот клуб, но според последните информации, конечно е најден заеднички јазик. Точната висина на отштетата не е обелоденета во јавноста, но станува збор за сума над 90 милиони евра, што дефинитивно е најскап трансфер на еден дефанзивец во историјата, уривајќи го досегашниот рекорд на Хари Мегваер, кој за сума од 87 милиони евра се пресели од Лестер во Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА