Челси и Тотенхем обезбедија пласман во полуфиналето на Лига купот (ВИДЕО)

Пласман во полуфиналето на англискиот Лига куп обезбедија двата лондонски клуба Челси и Тотенхем. Сините  успеаја да го совладаат „жилавиот“ Брентфорд со 0-2, со автоголот на Јансон во 80. минута и голот од пенал на Жоржињо во 85. минута.

Тотенхем пак во градското дерби го совлада Вест Хем со 2-1. Бергвајн и Сон беа стрелци за домаќините, додека за гостите голот го постигна Боувен.

Се вчитува...