Челси има нов голман?

Англискиот премиер-лигаш Челси се договорил со францускиот Рен за трансфер на одличниот чувар на мрежата Едвард Менди, пренесуваат британските медиуми. 28-годишникот е пред потпис со тимот од „Стемфорд Бриџ“, а во клубот ќе дојде како замена за најскапиот голман во историјата Кепа кој не се снајде најдобро под водство на Френк Лампард.

Тој минатата сезона имаше многу грешки, а Лампард во неколку наврати изјави дека не го гледа во новата сезона на голот на својот тим. Челси овој трансфер период беше најактивен на пазарот и тимот од Лондон успеа да заврши голема работа бидејќи беа доведени Каи Хаверц, Тимо Вернер, Хаким Зијеч, Бел Чилвел…

 

Се вчитува...